Стил на денот: Марија Килибарда го има капутот на сезоната кој може да го сошие секоја кројачка
Водителката со години е една од најубавите и најатрактивните со стил на балканската јавна сцена.
Марија Килибарда е една од најактивните јавни личности на Инстаграм, а со своите објави многу често покажува дека со право ја носи титулата на една од најстилските водителки во соседна Србија.
Како што ни доаѓа зимата и празниците, во таа празнична еуфорија, модата добива поинаков изглед, а многумина од нас секогаш со задоволство избираат раскошни зимски парчиња кои обичниот изглед го претвораат во елегантна сцена.
Шармантната водителка позираше пред новогодишната декорација, а нејзиното светло сиво палто веднаш привлече внимание. Марија избра елегантен модел, кој го усогласи со бела кошула и ефектни обетки, па целото модно издание беше совршено.
- Секое летно дете ќе ви го каже ова, 100%!
Позитивните реакции не изостанаа, а една од познатите личности која беше воодушевена од стајлингот на Марија беше Милица Мандиќ.
ФОТО: Инстаграм