Стил на денот: Меган Фокс покажа како се носат фармерки за елегантни прилики

Добивај вести на Viber

Холивудската sвезда, актерка и една од најубавите и најсекси жени во светот е фотографирана во фантастично издание.

Американската актерка Меган Фокс (34) беше фотографирана на улица во омилената комбинација за вечерни излегувања на многу жени, а која се состои од фармерки и високи потпетици секако.

Една од најубавите жени на светот носеше тренди фармерки со рамни ногавици кои се хит моментално, со потпис на брендот „Еб Деним“ за да излезе на вечера со своето момче Машин Ган Кели, додека црниот топ го истакна нејзиното бујно деколте.

Заводливиот аутфот го заокружи со чанта модел на Прада која е голем хит меѓу љубителите на модата.

извор:stil.kurir.rs
фото:profimedia