Стил на денот: Меланија Трамп во кошула и панталони кои ѝ се неопходни на секоја жена (ФОТО)
Поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, отсекогаш важела за многу стилска жена со префинет моден вкус.
Меланија Трамп одамна се нема појавено во јавноста, a за време на мандатот на Доналд Трамп имавме можност да уживаме во нереалните аутфити на Меланија, а овој пат таа се врати на големата врата.
Навикнати сме на неверојатен стил и елеганција од поранешната прва дама, но сега по долго време не изненади со малку полежерен избор, кој секако одлично ѝ стои.
Меланија нѐ инспирира со маслинеста кошула која има вратоврска околу половината и бели панталони кои ги усогласи со беж чевли, а најголемо внимание привлече нејзината чанта Hermes Birkin чија цена достигнува неверојатни 30.000 долари.
Меланија и Доналд Трамп сега живеат во својата резиденција на Флорида, а медиумите пишуваат и дека Трамп моментално е во својот голф клуб во Њу Џерси, па се претпоставува дека токму поради тоа Меланија го посетила Њујорк, со оглед на тоа дека е оддалечен само еден час возење.Да потсетиме, оваа кошула неодоливо потсетува на сакото со натписот кој крена голема прашина. Имено, тогаш на грбот на Меланија Трамп пишуваше „Навистина сум среќна, а ти?“. Јакната потоа ја облекла кога отишла на мексиканската граница да ги посети децата одвоени од нивните семејства, а потоа изјавила дека овој моден избор е порака до сите луѓе и медиуми кои ја критикуваат.
Фото: Инстаграм Принтскрин