Стил на денот: Меланија Трамп во невообичаен капут за пречекот на божиќното дрво во Белата куќа

Добивај вести на Viber

Првата дама на САД се подготвува за последниот Божиќ во Белата куќа. Меланија Трамп традиционално ја дочека елката, која секоја година пристигнува со кочија пред официјалната резиденција на американскиот претседател.

Така, таа се појави во елегантно издание при примопредавањето на дрвото. Меланија ги сокри своите високи црни чизми под капутот со потпис на модната куќа Баленсијага.

Предимензионалните модели на палта и јакни веќе неколку сезони се дел од колекциите есен-зима на Баленсијага, а Меланија го одбрала овој волнен модел со црно-бел пепито дезен.

Таквите предимензионални палта не изгледаат совршено на никого, бидејќи се со невообичаен крој, но поентата на нивниот крој и не е да ја истакнуваат фигурата. Поентата е во удобноста и ефективноста, а овој волнен капут на Меланија ги опфаќа обете категории.

фото: profimedia