Стил // Стил на денот
Стил на денот: Милена Антовска во фустан кој ја истакнува женската фигура
Едноставен, но сепак ефектен фустан
Водителката Милена Антовска Станковска важи за една од најдотераните дами кај нас, па токму затоа таа е денешна наша модна инспирација.
На една од многуте фотографии кои водителката редовно ги споделува на својот Инстаграм профил, таа носи плиш фустан во крем боја со кралско сини и кафеави линии, додека моделот на фустанот на половината е со интересен крој кој ја истакнува нејзината завидна фигура.
Целокупниот изглед Милена го заокружила со високи чизми во темно кафеава боја на високи потпетици. Одлична комбинација која вреди да ја ископирате.
Фото: Инстаграм/ Женски магазин - архива