Стил на денот: Милица Павловиќ во троделен несекојдневен костим кој одзема здив

Добивај вести на Viber

Милица Павловиќ е девојка која навистина знае да изненади со интересен и несекојдневен изглед, токму затоа таа е наша денешна модна инспирација.

Имено, пејачката на една од нејзините објави на Инстаграм носи необичен троделен костим во окер боја. Долниот дел од оделото се состои од панталони со висока половина, нестандарден елек кој е исечен странично со интересно деколте и сако. 

Станува збор за ефективно сако кое има голема долга јака.

Целиот стајлинг пејачката го заокружила со јака шминка, големи впечатливи обетки и златна чанта.

Одличен избор кога сакате да оставите впечаток.



Фото: Инстаграм - Милица Павловиќ