Стил на денот: Зеленска со модерен крој и боја која е вечна класика- за моден избор за 10-ка!
На Светскиот економски форум во Давос се собраа бројни светски лидери, а најголемо внимание привлече првата дама на Украина, Олена Зеленска
Олена за оваа пригода избра совршена деловна комбинација, а нејзиниот префинет моден вкус одамна е познат. Таа се појави во кафено одело, а и самиот модел е повеќе од тренди оваа сезона.
Станува збор за предимензионален крој кој одлично им прилега на сите дами, а изгледот го комплетираше со ефектни салонки во иста боја.
Под сакото носеше класична кошула, што се покажа како совршен избор за ваков настан. Монохроматските изданија во последните неколку години се на самиот врв на водечките трендови, па Олена покажа дека и таа ја следи модата.
Со незабележителен накит и брош на реверот, нејзиниот стајлинг доби највисоки оценки од сите модни познавачи.
Извор: stil.kurir.rs