Стил // Стил на денот
Стил на денот: Модната блогерка Кјара Ферањи во есенска комбинација
Кјара Ферањи е модна икона со над 15 милиони следбеници на Инстаграм, глобален амбасадор на неколку светски модни брендови и поубава половина на италијанскиот рапер Федез и мајка на синчето Леоне Лучиа.
Таа е веќе одамна е позната на светската јавност, и важи за доста влијателна личност во светот на модата. Според Форбс, оваа млада дама сосема заслужено го држи местото број 1 на листата за највлијателен моден блогер за 2017-та година. Својот блог „The Blonde Salad’’ , таа започнува да го пишува уште во 2009-та година, кога феноменот ,,моден блог’’ започнува да се шири низ светот.
Нејзиниот последен стајлинг од Париз е нашиот избор за денеска. Станува збор за црвено бел комплет на здолниште и јакна, искомбиниран со додатоци во црна боја.