Стил // Стил на денот
Стил на денот: Неда Украден во „откачени“ панталони покажува дека може да изгледате младешки и во осмата деценија
Пејачката Неда Украден, во својата 71 година, како никогаш да не изгледала подобро и одново и одново докажува дека годините се само бројка, и дека најважен е младиот дух.
Таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која позира на улиците во Љубљана, а за таа прилика избра заводлива и лежерна комбинација во исто време.
Носеше широки „откачени“ панталони во зебра дезен, бордо маичка во тело и бела кошула. Комбинацијата ја заокружи со златно ланче, бела торба, сандали на платформа и темни очила за сонце.