Стил на денот: Нина Бадриќ во моќна комбинација-позира во црвен фустан со длабоко деколте

Нина Бадриќ позираше во долг црвен фустан со длабоко деколте и висок прорез, а комбинацијата ја комплетираше со црвени чевли.

„Остави за мене пет минути само... Јас и ти добро се познаваме“, напиша пејачката во описот на фотографијата на Инстаграм. Фотографијата досега собра над 12.000 лајкови.



„Јас сум без зборови“, „Изгледаш прекрасно“, „Фустанот е одличен“, „Како можеш да бидеш толку убава?“ напишаа нејзините обожаватели во коментарите.

Нина неодамна објави фотографија од младоста на која е со другарките. 



Фотографијата ги воодушеви нејзините следбеници, но не сите веднаш препознаа која од девојките е Нина.


Фото: Инстаграм/Официјален профил Нина Бадриќ