Стил на денот: Нина Бадриќ во едноставна, а ефектна комбинација која лесно се копира
Пејачката Нина Бадриќ ни прикажа издание во кое не ја гледаме често, кое е одлично и како дневна и како вечерна комбинација. И секогаш е модерно.
Пејачката Нина Бадриќ (50) е една од најбараните пејачки во регионот, позната по уникатниот глас и секогаш елегантен изглед.
Нејзиниот стил би можеле да го опишеме како женствен, шик и префинет, а Нина може да ги инспирира младите жени и девојки со своите комбинации на облека да создаваат непогрешливи стајлинзи со монохроматски класични парчиња.
Нина е многу активна на социјалните мрежи, па често нѐ воодушевува со некој нов стајлинг и служи како вечна мотивација „помалку е секогаш повеќе“ и да се држиме до едноставноста во стилот.
Пејачката неодамна на Инстаграм објави фотографија која на почетокот нѐ изненади, бидејќи стилски се разликуваше од сѐ што имавме прилика да видиме.
Всушност, како што рековме, најмногу можеме да ја видиме во елегантни изданија, а овој пат имавме можност да ја видиме во дневна комбинација.
Фармерки кои ја следеа линијата на телото и беа благо ѕвончести и црна кожна јакна заедно направија идеална комбинација.
На сликата не е јасно дали Нина носи маица и џемпер или блуза под сакото, но не е важно, бидејќи целокупниот впечаток е одличен.
Црната кожна јакна е парче кое никогаш не излегува од мода, а комбинирањето со фармерки е еден од наједноставните, но секогаш актуелни начини за нивно спојување.
Покрај тоа, оваа облека е идеална за дневна прошетка, попладневна пијачка со пријателите, па дури и за ноќно излегување.
Дополнителен плус е што овој стајлинг оди со рамни чевли, штикли, патики или чизми, па можете да го носите во сите сезони.
ФОТО: Инстаграм