Стил на денот: Од капутот до модните додатоци - го сакаме секој дел од пастелното vintage издание на Ријана

Добивај вести на Viber

Навикнати сме R&B дивата секогаш да ги носи најновите трендови од модната писта. 

Сепак, таа во својата последна модна ревија докажа дека навистина ја знае вредноста на добро vintage парче.

 На лежерна прошетка низ Лос Анџелес, Ријана носеше пастелно сино-розов аутфит кој се состои од палто од твид „Шанел“ од 1996 година, светло син комбинезон и ѓердан од Диор, кој исто така датира од 90-тите години на минатиот век, кога оваа модна куќа ја водеше Џон Галијано .

Целиот изглед е надополнет со бела чанта и потпетици, кои иако се во втор план, не се помалку ефикасни.

Ријана не е единствената sвезда што промовира vintage парчиња на овој начин. Неодамна, Кајли Џенер носеше Версаче топ од 2005 година, а Дуа Липа роденденски фустан што Наоми Кембел го носеше за Версаче во 1999 година.

Тие се пример за тоа колку е циклична модата и колку може да изгледа модерен и современ тренд, дури и ако настанал пред неколку децении. Исто така, на овој начин се промовира одржливоста и рециклирање на стара облека што очајно му треба на модниот свет.

извор:elle.rs
фото:gettyImages