Стил на денот: Пред црквата Св. Недела во Австралија, Тања во сино- зелен фустан ни честита Божиќ

Добивај вести на Viber

Пејачката Татјана Лазаревска долги години е со семејството преселена во Австралија. Таму секојдневно пее на големи прослави кои ги приредуваат нашите Македонци и навистина знае да направи прекрасна забава. 

Посветена на верата, Тања и таму ги празнува големите православни празници, а токму за денешниот најсветол ден Божиќ беше во црквата Света Недела во Австралија и на сите ни посака „Христос се роди“, облечена во прекрасна сино- зелена креација. Се забележува дека креацијата е летна, но таму сега е лето.

Овој фустан го комбинирала со зелени чевли и дискретен накит.

 Фото: Фб