Стил // Стил на денот
Стил на денот: Првата дама Елизабета во модел на капут кој ќе посакате да го имате
Со дамска, елегантна комбинација и став кој освојува, првата дама - Елизабета Ѓоргиевска беше дел од акцијата за набавка на инкубатори заедно со Црвениот крст, како дел од кампањата за подобрување на условите во Одделот за неонатологија на Клиниката за детски болести при УКЦ 'Мајка Тереза'.
Како и секогаш, првата дама внимателно го одбрала стајлингот за настанот на кој присуствува.
И се разбира покрај впечатливиот капут и совршените високи потпетици, кои несомнено посакуваме да ги имаме, акцентот би го ставиле на нејзината хуманост, скромност и желба за помагање.