Стил на денот: Сања Кужет во комбинација идеалната за празничен ручек со семејството

Добивај вести на Viber

Сања Кужет, познатата водителка од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ со комбинациите кои ги носи на сцената на „Гранд“ сите ги остава без зборови, но идентичен ефект успева да постигне и со оние кои ги носи далеку од светлата на рефлекторите.

Овој пат, на својот Инстаграм профил сподели фотографии на кои носи лежерна комбинација, која може да ви послужи како инспирација за празничниот ручек со семејството. 

Имено, за велигденскиот ручек сите повеќе или помалку сакаат да изгледаат убаво, а познатата водителка може да ви послужи како инспирација, доколку уште ја немате смислено идеалната празнична комбинација.

Во бела „оверсајз“ кошула и црвени класични панталони, искомбинирани со патики како Сања, дефинитивно ќе изгледате одлично. 

фото: Принтскрин / Инстаграм