Стил на денот: Северина го дочека Божиќ во прекрасен бел фустан со голи раменици како по мерка
Северина највеселиот празник го дочекува во празнична атмосфера. Денес католиците го прославуваат најубавиот празник, Божиќ, а пејачката за овој посебен ден одбра прекрасен бел фустан.
Имено, на фотографијата која Северина ја сподели со своите следбеници во пресрет на најголемиот празник Божиќ, позира во елегантно издание.
За оваа многу важна пригода, Северина избра свечено бел долг фустан со голи рамена и V-деколте. Таа одлично го спои со златни обетки и златни сандали на високи потпетици.
Долгата коса ја извитка во меки бранови и ја пушти да ѝ паѓа на рамениците, постигнувајќи дополнителен ефект на елеганција.
Северина позираше покрај накитена елка, а на сите свои следбеници им го честиташе празникот со зборовите:
- По повод најубавиот празник Божиќ ви посакувам добро здравје, внатрешен мир и безвременска љубов...