Стил // Стил на денот
Стил на денот: Шармантна и нежна елеганција во микс од пастелни бои
Овие бои ќе бидат во фокус во наредниот период.
Стилот на пејачката Ешли Робертс мами многу погледи, а со последниот избор заработи чиста десетка.
Оваа модна комбинација наиде на ентузијазам и воодушевување и кај модните експерти и кај нејзините обожаватели. Сите се согласија дека изгледа феноменално.
Пастелните бои се одраз на женственоста и романтиката, а во сезоната пред нас ќе бидат апсолутен хит. Овој стајлинг е совршен за пролетните денови, а освен што изгледаат феноменално, плетените фустани се и многу удобни.
Како пејачката, можете да носите ваков фустан со потпетици, но исто така ќе изгледа одлично во комбинација со сандали или дури патики од платно.
фото: profimediaизвор: stil.kurir.rs