Стил на денот: Шерон Стоун елегантна во мал црн фустан

Добивај вести на Viber

Шерон Стоун отсекогаш била една од најсекси жените во светот, а познатата актерка сѐ уште блеска со нејзиниот беспрекорен изглед.

Дека годините се само број, го потврдуваа оваа русокоса убавица.


Нејзиниот мал црн фустан стои одлично на нејзината фигура. Со заводливо деколте и совршена средна должина, актерката ја нагласи тенката фигура, но и своите облини на пристоен начин. Овој мал црн фустан отсекогаш бил и ќе биде непогрешлив класик.

Целата стилска комбинација, актерката ја надополни со прекраснен бисерен ѓердан и соодветни обетки, како и црна плик чанта од крокодилска кожа и црни чипкани салонки.