Стил на денот: Шерон Стоун покажа како треба да изгледа една дама во зрели години
Фото: Profimedia
Кога некој знае што значи добар стил, тоа изгледа вака
На церемонија одржана во Лос Анџелес се појави и актерката Шерон Стоун и направи вистински хаос.
Само што зачекори на црвениот тепих, сите останати дами паднаа во втор план. Шерон уште еднаш докажа дека е кралица на стилот и дека и на 64 години може да им парира двојно помладите девојки.
Фото: Profimedia
Таа се појави во струкиран костум во бебешко розова боја, додека сè комплетираше со чанта и патики од модната куќа „Долче и Габана“. Структурните женски костуми и оваа година се во тренд, а оваа нијанса е полн погодок и особено добро им стои на русокосите.
Актерката не прашува колку чини кога нешто ѝ се допаѓа, па за модните додатоци издвои 1.750 евра, додека за патиките плати 495 евра.
Фото: ProfimediaСепак, сигурни сме дека е можно да се ископира овој стајлинг и да се најдат слични парчиња по поволни цени.
Извор: stil.kurir.rs