Стил на денот: Совршен ретро шик фустан со отворен грб
Ирската манекенка Вог Вилијамс (35) го сврте целото внимание на себе кога прошета по улиците на Лондон во уште една совршена комбинација.
Станува збор за ретро шик фустан во шарена боја, што потсетува на виниџ стил и во дизајнот и во моделот.
Особено интересен е делумно отворениот грб, што изгледа многу женствено и секси.
Заедно со фустанот со ретро цветна шема, моделот избра едноставни и елегантни црни чевли, па целиот стил имаше деловна нота. Покрај тоа, таа додаде сјајна црна чанта со големи димензии и добри очила за сонце, бидејќи додатоците се исто толку важни како и главните парчиња облека!
Со други зборови, овој фустан може да се користи скоро во сите прилики - од деловни активности, преку секојдневни пијалаци со пријателите, до вечерно излегување, кога ќе можете да го комплетирате со класичен црн блејзер.
фото:Profimedia