Стил на денот: Тамара и Биг Мама како од моден магазин во парчиња кои ќе бидат хит оваа пролет

Добивај вести на Viber

Модните комбинации кои ги покажаа пејачките ќе бидат хит оваа пролет...

Пред неколку дена, познатите пејачки Тамара Тодевска и Биг Мама се вратија од екслузивното патување на рајскиот остров Маурициус. Додека престојуваа таму, на нивните профили можевме да погледнеме како уживаат и како го поминуваат времето во убавините кои ги нуди природата.

Но, не беа исклучени ниту објавите на кои покажаа и какви модни комбинации носеа. Една од тие објави е и оваа, на која двете пејачки позираат за време на една вечера на рајскиот остров.

Она што многумина зборуваат се нивните модни комбинации, за кои делува како да биле договорени. Имено и двете се одлучија за интересни креации, кои освен што изгледаат отмено, делуваат и како да се многу удобни.

Тамара се одлучи за црно - бела комбинација во пруги, додека Биг Мама стави боја на себе и заблеска како никогаш досега.


фото: Принтскрин / Инстаграм