Стил на денот: Теа Трајковска во урбано црвено издание

Добивај вести на Viber

Пејачката Теа Трајковска е млада девојка која негува урбан стил. Овојпат ја имаме во есенска комбинација, каде доминира црвената боја- џемпер, чанта и патики. Тоа е боја која е сосема тренди оваа есен.

- Заљубена сум во мејк-ап, пратам мејк-ап трендови и „soft spot“ ми е трошење пари на шминка. Мислам дека шминкањето е цела уметност и начин на израз (се додека се прави на вистинскиот начин). Би издвоила како совет само дека „less is more” и тоа дека акцентот треба да биде или на очите или на усните, а не да се претера и да се гледа на нешто што треба да е разубавување, како на маскирање- раскажа таа кога ги откри своите трикови и тајни за убавина во рубриката „Пред огледало“.