Стил на денот: Тв презентерката Елена Манојловски во топ комбинација со која нема да згрешите никогаш

Добивај вести на Viber

Наша модна инспирација денес е презентерката на временска прогноза во Тв Телма, Елена Манојловски.

Сите ние во својата гардероба имаме барем едно сако и пар добри фармерки, модни парчиња кои заедно прават вообичаена комбинација, но сега составуваат аутфит кој е доста актуелен и осовременет. 

Со оваа едноставна модна сложувалка од фармерки и сако не може да погрешите, но за модерен изглед клучно е тоа да бидат фармерки со трендовски крој, убаво скроено сако и комбинацијата да е дополнета со вистински додатоци.

Водителката за оваа прилика избра црвено сако и бела маичка со топ модел на фармерки, а целата комбинација ја истакнаа и црвените штикли.

View this post on Instagram

A post shared by Елена Манојловски (@elena_manojlovski)



Елена важи за една од најатрактивните водителки во Македонија, и често знае да биде модна инспирација.


ФОТО: Инстаграм