Стил // Стил на денот
Стил на денот: Вака може да се носи само Џенифер Лопез
По 130 концерти организирани како дел од турнејата „All I Have", познатата пејачка Џенифер Лопез го прослави успешното завршување на турнејата на најдобар начин. Во Лас Вегас, на гламурозна забава со своето семејство и пријатели.
За оваа пригода, Џенифер блескаше во светкав розов комбинезон на дизајнерот Том Форд и бунда во леопард принт, додека нејзиниот партнер Алекс Родригез се појави во розов костим.