Стил на денот: Во рака - чанта на Лејди Диор од 4.300 евра, Александра Пријовиќ со моќен моден избор во црна боја

Добивај вести на Viber

Познатата пејачка уште еднаш покажа дека сака предизвикувачки изданија

Младата ѕвезда Александра Пријовиќ сака предизвикувачки комбинации. Таа се труди да ги следи модните трендови, па не е чудно што често привлекува големо внимание со своите модни избори.

Кога станува збор за облекувањето на новогодишната ноќ, многу жени инспирација бараат од познатите личности.

На најновата фотографија која Александра ја објави на социјалните мрежи имавме можност да ја видиме во многу смела комбинација.

Иако е познато дека црната не е најдобра опција доколку нема детали кои би ја разбиле монотонијата, сепак таа се одлучила за баш таква комбинација.

Алексадра облече црни кожени панталони и кожена јакна која одлично ја искомбинира со црни кожени чизми на високи потпетици. Сепак, нејзин адут беше ултра популарната црна чанта на брендот Диор, која своевремено ја носеше и самата Лејди Дијана.

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandra Prijovic (@aleksandraprijovic)


Оваа чанта може да се купи само во брендирани продавници и по неверојатна цена од 4.300 евра. Во зависност од моделот и големината, овие чанти имаат различни цени, но едно е сигурно, ако имате ваква во вашиот плакар е вистински хит.

Совршено се комбинира со речиси сите парчиња облека, па не е чудно што оваа чанта стана апсолутно задолжителен моден додаток на секоја трендсетерка, но и на секоја девојка или жена која сака да изгледа одлично.

Извор: glossy.espreso.co.rs