Стил на денот: Водителката Јелена Богојевиќ во фустан идеален за трудници на роденденот на сопругот

Викендов водителката Јелена Богојевиќ уживаше во роденденот на нејзиниот сопруг.

„I can't keep calm, it's my hubby's birthday“ - напиша Јелена под фотографиите кои ги сподели на социјалната мрежа Инстаграм.

За оваа пригода, водителката избра комотен, долг пролетен фустан во кој преовладуваше зелената боја.

Комбинацијата на Јелена е идеална за трудници, а имајќи предвид дека наскоро ќе се оствари во улогата на мајка за прв пат, ова модно парче е одличен избор.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Bogojevic (@jelena_bogojevic)



Во август минатата година водителката Јелена се вери за Срѓан Спасиќ, кој на романтичен начин ја побара Јелена за жена во Крушево, каде што беа на одмор. Јелена тогаш за Женски магазин изјави дека не очекувала прстен, а фотографиите од запросувањето кои ги споделија на социјалните мрежи ја опишуваа нејзината голема среќа.

Оттогаш таа сподели неколку фотографии на кои го покажува нејзиниот пролетен труднички стил.


фото: Инстаграм официјален профил Јелена Богојевиќ