Водителката Јелена на романтичен начин се сврши со Срѓан во Крушево: Од почеток знаевме дека сме еден за друг
-Немам зборови со кои можам да ја опишам среќата и сите изливи на емоции кои надојдоа по запросувањето во преубавото Крушево... Едноставно од самиот почеток знаевме и бевме сигурни дека сме еден за друг, сфативме дека сме копнееле по ваква сродност и сме се барале потсвесно и за првпат во животот пронајдовме и доживеавме ваква љубов. Се запознавме во вистинско време, неочекувано и брзо се зближивме, а чувствата, разумот, заедничките погледи и ставови беа пресудни да решиме цврсто дека сакаме да го поминеме животот заедно, па и сите наредни ако постојат“, ни изјави водителката.
Јелена додава дека таа и Срѓан сè уште немаат одлучено кога и каде ќе биде свадбената веселба, со оглед на состојбата со пандемијата.
-Сакаме да правиме свадба, но сè уште немаме одлучено каде и кога точно поради целава ситуација со пандемијата“, додаде Јелена.
Јелена секое утро ја гледаме во емисијата „Магазин“ со интересни гости. Неодамна, таа беше наша гостинка во рубриката „Пред огледало“ и изјави:
-Кога сум нашминкана, најмногу сакам да ги истакнам очите, моите природни трепки и веѓи или усните, а да прикријам мозолчиња кои ненадејно се појавувуваат од различни причини или пак подочници од премор. -Освен за козметички производи и масажи, за телото се грижам и со активности како пешачење, возење велосипед, пиење поголема количина на вода, а посебен режим на исхрана во моментов немам, се трудам да јадам разновидно и умерено и најверојатно и брзиот метаболизам си го прави своето за одржување на линијата“, ни раскажа убавата водителка.
М.Џаровска