Стил // Стил на денот
Стил на денот: Водителката Лила Филиповска во џемпер кој е хит оваа сезона
Водителката Лила Филиповска важи за една од најдобро облечените ТВ лица во нашата држава. Секогаш и за секоја пригода скоцкана од глава до петици, каде и да се појави остава воздишки зад себе.
Овој пат позитивните коментари на сметка на изгледот повторно одат на нејзина адреса. Облечена во шарен фустан и топол џемпер ги освои сите на социјалните мрежи. Аксесоарите исто така беа дел од оваа комбинација, кои истата ја надополнија.