Стил на денот: За модниот избор на Канје Вест и неговата нова девојка зборува цел свет

Добивај вести на Viber

Канје Вест и неговата нова девојка се во центарот на вниманието на модната недела во Париз, со причина.

Тие двајца се еден од најпопуларните парови од почетокот на годината, папараците и камерите ги следат нивните стапки, а свесни се за тоа и сега решија повторно да ги изненадат сите со своите модни комбинации.

Популарниот пејач и дизајнер Канје Вест и актерката и уметничка Џулија Фокс продолжуваат да ја интригираат јавноста, а секако се едни од најкоментираните парови од почетокот на годината. 

Последен пат, заедно се појавија во Франција, на машката модна недела во Париз. Свесни за вниманието што го добиваат, подготвија изненадување и за камерите и за фоторепортерите.

Тие како веќе познат пар избраа познат начин на облекување, т.е. решиле да ја усогласат облеката и да бидат модно синхронизирани.

Парчињата кои ги носеа беа многу необични, а нивните тексас аутфити ги воодушевија сите.

Парчињата на Џулија Фокс се потпишани од модната куќа Скиапарели. Таа, како и Канје додаде црни ракавици на комбинацијата. Косата ја носи залижена и ги нашминка очите по принципот на „фараонски стил“.


извор:GLOSSY
фото:J.M. HAEDRICH / SIPA PRESS / PROFIMEDIA  /  twitter