Стил на денот: Зендаја оживеа 30 години стар фустан - и остави без коментар!

Добивај вести на Viber

Модната икона Зендаја ја започна годината со нови стилски победи. Популарната актерка блесна во винтиџ фустан на Валентино, кој воодушевува со едноставниот крој и класичниот дизајн.

За промоцијата на втората сезона на серијата „Еуфорија“, Зендаја избра фустан стар 30 години, кој светот првпат го виде на ревијата на Валентино во 1992 година.

View this post on Instagram

A post shared by THE WORLD OF FASHION II (@theworldoffashion2)



Фустанот е моден класик - тесен, без прерамки, со црно-бели хоризонтални риги.


Пред 30 години го носеше легендарната манекенка Линда Евангелиста.

Линда во тоа време имаше црвена коса, па Зендаја и оддаде почит со слична фризура.

Стилистот на Зендаја, Ло Роуч, уште еднаш направи извонредна работа, а суптилната шминка и нуд маникирот на актерката го придружуваа ефектниот фустан.



Втората сезона на „Еуфорија“ ќе има премиера на 9 јануари, две и пол години по емитувањето на првата сезона.

View this post on Instagram

A post shared by Neomag (@info_neomag)



Пандемијата го прекина снимањето на серијата, која се занимава со злоупотреба на супстанции меѓу тинејџерите, родовиот идентитет и сексуалноста.


Фото: Инстаграм