Стил на месецот: 5 модели на фармерки кои ќе се носат оваа пролет, им стојат на сите
Секогаш е добро да имате класични парчиња во вашиот плакар во кои ќе инвестирате еднаш и ќе ги носите засекогаш.
1. Фармерки со рамни ногавици од 90-тите
Иконскиот крој со рамни ногавици од 90-тите се враќа во стил оваа сезона. Не постои жена која не ги обожава затоа што изгледаат одлично со секоја комбинација.
2. Црни фармерки
Можеби понудата не е толку широка кога е овој модел во прашање, но црните фармерки (особено со широки ногавици) се дефинитивно едно од основните парчиња кои мора да ги имате оваа сезона. Блогерките најчесто ги носат со впечатливи чизми до глужд или класични, ретро патики.
3. Класичен „blue wash“
Со години овој тип на тексас важеше за пример за „лош вкус“, меѓутоа, работите се сменија откако ги видовме овие модели на Хејли и Џастин Бибер и други трендсетери. „Blue wash“, односно „измиениот тексас“ полека но сигурно ја стекнува титулата класика без разлика дали избирате карго модели, широки ногавици или тесни фармерки.
4. „ Baggy“ фармерки
Едноставно не може да се бега од фактот дека модните писти за 2023 година потврдија дека широките фармерки се повторно во мода. Без разлика дали носите модели со ултра низок струк или класични „boyfriend“ фармерки со широки ногавици, бидете сигурни дека тие ќе изгледаат подеднакво ефективно, ако не и подобро, од ултра „skinny“ моделите.
5. Фармерки со широки ногавици
Ако барате тексас кој оди добро со сите трендови, добар пар ѕвонарки фантастично се комбинира со сите видови потпетици, а притоа ја прави ногата подолга и послаба.
Извор: elle.rs