Стил на месецот: Кејт Мидлтон во совршениот фустан за пролетта-едноставност и елеганција (ФОТО)

Добивај вести на Viber

ФОТО: Инстаграм screenshot

Иако пролетта трае долго, само во последните неколку дена се чувствуваме како да е таа сезона. Сонцето конечно реши да излезе. Донесе подобро расположение, но и мотивација за некои тренди моменти. Така, во духот на пролетта ги отвораме нашите гардероби и избираме бои кои ќе ни го разубават денот.

View this post on Instagram

A post shared by Catherine Middleton (@princesswcloset)



Во склад со тој пролетен дух, беше облечена една од најкопираните жени во светот - Кејт Мидлтон.

Знаеме дека Кејт е кралица на докажаниот стил. Одмерена е, едноставна, целата нејзина облека е нослива за секоја пригода и секогаш изгледа беспрекорно.


А нејзината тајна, очигледно, е изборот на докажани кроеви, атрактивни бои и сведени детали.Така овој пат таа беше во цветен салон во Челзи, а нејзиниот фустан беше апсолутно во склад со приликата - долга, розова кошула-фустан со плисирани детали, врзан околу половината, самиот привлекува внимание со својата едноставност и боја.


Кејт со фустанот носеше удобни чевли на платформи со врвка. Косата и беше малку свиткана и пуштена, а како накит носеше прстен и висечки обетки.

Како и секогаш, таа беше на висина на задачата, насмеана и ведра, а овој нејзин стајлинг е вистинска пролетна инспирација.

View this post on Instagram

A post shared by European Royal Families (@europeroyals)


Кажете ни како ви се допаѓа во коментари.