Стил на неделата: 5 предлози како Французинките комбинираат патики на елегантен начин
Во деновите кога сакате да изгледате опуштено и со стил, дури и со патики, инспирирајте се од предлозите на беспрекорните Французинки
Без разлика дали сакате да се одморите од штиклите, или пак патиките се вашето решение, погледнете 5 лежерни предлози на Французинките со фантастичен стил.
1. Бела маица + бела кошула + фармерки
Актуелните „Adidas Samba“ патики се класичен модел кој ќе изгледа совршено со пар фармерки во комбинација со бела кошула.
2. „Shearling“ јакна + бел топ + фармерки
Лежерна кожена јакна како овој модел одлично се комбинира со бела маица и фармерки, а посебен шмек даваат ретро патиките.
3. Блејзер + класични панталони + џемпер од кашмир
За поелегантна силуета, размислете за широк костум во комбинација со вашите омилени патики.
4. Долго палто + тексас кошула + фармерки
Ова е кул слоевит изглед кој комбинира тексас и тексас, подолго палто, XXL шал и секако - патики.
5. Макси здолниште + бела маичка + мото јакна
Макси здолништето и патиките секогаш ќе изгледаат тренди, особено со добра јакна.
Извор: elle.rs