Стил // Стил на неделата
Стил на неделата: Агнеса Органџиева во комплет кој треба да го имате есенва
Познатата инфлуенсерка најчесто ја гледаме во посветкави елегантни изданија. Во долги тоалети, сатен, тантела, тул, светкави камечиња, но овој пат убавата Агнеса Органџиева се одлучила за комплет кој е тренд број еден сезонава.
Имено атрактивната русокоса носи елегантен комплет од кошула и широки панталони во бојата која ќе ја одбележи есенва.
Кошулата и панталоните изгледаат софистицирано кога се комбинирани заедно, но и доколку ги носите во други комбинации ќе му дадат елегантна и тренди нота на вашиот изглед.
Агнеса својот аутфит го дополнила со салонки во „nude“ боја, парче кое одговара буквално на секое парче облека и мала црна чанта.
Вакви елегантно-софистицирани парчиња се класика со кои не може да погрешите.
Фото: Инстаграм