Стил на неделата: Кралицата Летиција во фустан кој може да се носи за сите прилики
Фото: Profimedia
Шпанија ја одбележува стогодишнината од смртта на сликарот Хоакин Сорола. По тој повод во Кралската палата во Мадрид беше организирана изложба наречена „Sorola: A través de la luz“, каде ќе може да се видат дел од неговите дела од приватни колекции кои досега не биле изложени.
Убавата кралица повторно остана доследна на својот практичен стил на облекување и го повтори фустанот од февруари 2022-ра година. Тогаш на Светскиот ден на ракот се појави во фустан на шпанскиот комерцијален бренд „Манго“.
Фото: Profimedia
Летиција овој пат го стисна црниот плетен модел со долги ракави го комбинираше со црвена кожна јакна од „Каролина Херера“. Носеше и црвени салонки „Магрит“ и соодветна чанта со истиот потпис.
Фото: Profimedia
Кралицата уште еднаш покажа колку достапни, едноставни и монохроматски фустани во неутрални нијанси навистина можат да бидат вистински џекпот.
Извор: stil.kurir.rs