Стил // Стил на неделата
Стил на неделата: Смела и весела пролетна комбинација
За стил на неделата избираме смела и весела пролетна комбинација.
Спој на неспоиво - по примерот на Италијанската блогерка.
Време е да заборавиме на темните комбинации и да внесеме повеќе бои во облекувањето.
Пастелните бои се „ин“ сезонава, а оваа пастелно виолетова во комбинација со војничко зелена - изгледа одлично, мора да признаеме.
Блогерката го надополнила изгледот со патики во истите нијанси и мала чанта во јака розова боја, што додава посебна нота на комбинацијата.