Стил // Стил на неделата
Стил на неделата: Софистицирана модна комбинација за моќни дами
На ден пред викенд, имаме модна комбинација која ќе ги освои Вашите симпатии на прва. Станува збор за одличен крој на палто со кожени детали и здолниште до колена.
Името кое го носи овој комплет е „Рене Блу“, и не случајно преовладува нијансата на заводлива сина меѓу сива боја.
Црната ролка е неизбежен класик во овој период од годината.
Ова е софистицирана комбинација која мора да се најде во Вашиот гардеробер веднаш!