Стилот на Клуни на кралската венчавка: Зошто Џорџ бил главна атракција на вечерната забава на Хари и Меган Маркл?

Џорџ и Амал Клуни најверојатно беа најкоментираниот пар на славни личности кои присуствуваа на кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркл во 2018-тата година, кога адвокатот за човекови права се појави во прекрасен фустан на Стела Макартни, а холивудскиот актер изгледаше отмено во сив костум. 

Но оваа двојка покрај тоа што беше атракција на дневниот прием, беше број еден и на вечерната забава.

Според извештаите на „Page Six“, Џорџ бил број еден на кралскиот свадбен прием на принцот Хари и Меган Маркл во Фрогмор Хаус. Имено актерот застанал зад шанкот и почнал да прави коктели со текила за сите.

57-годишниот актер, кога не бил шанкер, танцувал и со невестата Меган, но и со војвотката Кејт Мидлтон, иако сега се појавија гласини дека Клуни и сопругата дошле на кралската свадба на покана на Меган, а воопшто не ја познавале ниту неа, ниту принцот.

Сепак двојката Клуни, минатата година беше забележана и на хуманитарната вечера иницирана од Принцот Чарлс во Бакингемската палата.

Славната адвокатка за човекови права за настанот одбра прекрасен асиметричен бел фустан, а коментарите на модните критичари беа дека г-ѓа Клуни изгледа како вистинска принцеза.