Страствени, креативни, одлични мајки: Еве зошто жените Бикови се супер жени!
Влеговме во владеењето на хороскопскиот знак Бик,луѓе кои го ценат сето она што е добро и сакаат си удоволат во сите области.
Ако си Бик, сигурно го разбираш ова многу добро. Еве уште неколку карактеристики кои ве прават супер-жена:
1. Вашата работа е доста високо на листата
Имате силна работна етика и со сета ваша енергија ќе се обидете да го направите она што сте го планирале. Работата значи многу за вас, исто како и парите со кои знаете добро да располагате
2. Вие сте емотивно силни
Дали понекогаш сте се запрашале како може да поднесете толку многу стрес? Дури и ако врескате одвнатре, однадвор сте сѐ уште кул.
3. Верни им сте само на одредени луѓе
Иако можеби имате многу пријатели и познаници, вие сте лојални само на некои луѓе, за кои очекувате да го сторат истото. Подготвени сте да дадете помош, совети и нема да кажете не за услуга, но сакате да знаете дека овие луѓе ќе го сторат истото за вас.
4. Независност е вашето второ име
Вие сте свесни дека сте силни и дека можете да го направите тоа сами, дури и кога тоа не изгледа така. Затоа не е проблем да управувате со тим, да работите на големи проекти или сами да го чистите целиот стан.
5. Вие сте целосно свои
Бикот нема фасади, маски и лажни насмевки. Кога нешто не ви одговара, ќе го кажете тоа.
6. Ги цените убавите работи
Имате стил и цените убавина и естетика. Покрај тоа, сакате да јадете и не се срамите пред симпатијата на првиот состанок да изедете вкусен голем хамбургер.
7. Вие сте добра мајка
Немате нерви за непослушноста на вашите деца, но во исто време сте внимателни, и сакате на вашето дете да му бидете пријател на кој може да се довери.
8. Страст и сензуалност излегува од секоја ваша пора
Како земјени знаци сте се под покровителство на Венера, планетата на убавината и љубовта, и вие сте исклучително сензуална љубов и сакате секс и други задоволства. Ќе му дадете на партнерот апсолутно сè, но мора да биде свесен дека ви треба истата количина страст и љубов што ја давате.
9. Вие дејствувате цврсто, но вие сте многу емотивни
Ретко ќе плчете на туѓи рамења и ако тоа се случи, тоа значи дека нешто навистина не е во ред. Иако можеби сте ладни и груби кон некои луѓе, вие сте всушност многу меки внатре и сакате да бидете внимателни и добри.
10. Имате креативна линија
За роденден сакате да подарите нешто што вие сами сте го направиле, како честитки, албуми, накит, но поради чувството на уметност, може да сте одлични во музика, пишување, сликање или фотографијање.