Street Style of Skopje

Добивај вести на Viber

Тексас јакна - главниот моден лидер секоја пролет!

Кога мислам на пролет  , мислам на јаки неон бои , сончеви денови и патичиња кои ќе можете да ги искомбинирате во секој моден аутфит.

Ниедна пролет, не би можела да помина без безвременскиот тренд -тексас јакна! И не е важно дали е стара 10 или 20 години, Ви припаѓа вам или сте ја позајмиле од брат ви на времето, таа никогаш не излегува од мода.

Облечете ја вашата омилена тексас јакна и искомбинирајте ја со кежуал фустанче и патики во неон бои. Едноставен аутфит, кој одлично се совпаѓа секаде.