Street Style of Skopje
Пругите дефинитивно сезонава се актуелни, а не постои комбинација која не ни дозволува да си поиграме со нив.
Модните блогерки ширум светот ги преплавија социјалните мрежи со инспиративни фотографии како да ги комбинираме маичките со пруги а денешната инспирација ја црпиме од комбинацијата која оваа дама ја дополнила со актуелна чанта и панталони со лента кои се топ модерни и оваа пролет.
Панталоните со лента се носат неколку сезони, првично, со свилена лента во ист тон со панталоните-верзија инспирирана од традиционалниот машки воен костум, а сега и со нагласено спортска варијанта со линија во контрасен тон. Најчесто станува збор за црни, сиви, темносини панталони, со бела, жолта или црвена линија, а некои се со по неколку ленти во разнични бои. Некои брендови понудија и модел со актуелната карирана или гингам шара.