Street Style of Skopje

Добивај вести на Viber

Елена Стефановска уште еднаш ни покажа дека е вистинска дама со стил. Таа е наш избор за неделново издание на Street Style of Skopje.

      Тренди чевлите за кои се одлучила се топ модерни оваа сезона а трендсетерките полудеа по тој модел.

      Стефановска ги искомбинирала со црна чанта и кратко фустанче со бела наметка.

      Целата оваа комбинација водителката на емисијата „Живот со стил“ ја заокружила со модерни очила за сонце во боја, кои исто така се доста актуелни оваа сезона.