Студиите во Рим бараа огромна посветеност, за четири години, само двапати излегов надвор од градот - Ива Милошевска сопственичка на салоните за накит на ексклузивниот италијански бренд „Rebecca“
По завршувњето на студиите, опциите за „што понатаму“ биле бројни: постдипломски студии, работа во позната маркетинг агенција, стажирање во еден од најпрестижните странски магазини, работа во домашна компанија. Но, Ива Милошевска дипломиран комуниколог (под-одсек: маркетинг) сакала искуствата собрани за време на студиите во Америка, Словенија, Дубаи и Италија, да ги аплицира на локално ниво – во својата татковина.
Пред три години ја почна приказната со „Rebecca“, екслузивен италијански бренд за накит. И покрај пандемијата, покажа храброст и знаење и успеа не само да опстои, туку и да го издигне брендот на нашиот пазар.
„Rebecca“ накитот е познат по своите впечатливи парчиња и динамиката на стилови наменети за урбаните дами кои се храбри во експериментирањето со новини и секогаш подготвени за уникатни модни погодоци. Парчињата накит генерално се наменети за секојдневни и трендовски модни комбинации, но има и гламурозни примероци соодветни за високата мода. Милошевска потенцира дека „Rebecca“ накитот ги задоволува и најпробирливите вкусови. Особено и е драго што македонските дами навистина знаат да препознаат и сакаат да носат убави модни парчиња накит. А најмногу ја радува што токму брендот бил дел од убавите моменти на многу луѓе кај нас. Биле сведоци на запросување со „Rebecca“ прстен, прв подарок за новороденче, објавување пол на бебе со парче накит на брендот, честитање на јубилеен роденден со персонализирана порака
Луѓето кои ја познаваат Ива велат дека е исклучително воспитана девојка, со префинета начитаност и современо познавање за се што се случува.
Ребека Тести*На отварањето на но Новиот продажен салон, беше присутна сопственичката и дизајнерка на брендот, Ребека Тести. Вас и вашето семејство ве посочи како најдобри луѓе, најдобри партнери. Ребека има мрежа од над 1500 продажни места низ светот, а да се истакнете во толку голема конкуренцијата е успех. По што сте посебни во вашата работа, со што ја освоивте?
- Преговорите за застапство на „Rebecca“ накитот во Македонија започнаа некаде на почетокот на 2018 година. По средбата во Фиренца, каде тогаш отидовме со комплетно подготвена стратегија за 5 годишен развој на брендот, во јуни 2018 конечно добивме зелено светло за отворање на нов flagship салон во Скопје. Стратегијата на „Индустри Тести“ не е ширење на брендот во квантитет туку во квалитет. За отварањето на салонот во Рамстор, а неодамна и за отварањето на вториот салон во Ист гејт во Скопје, имавме чест да дојде лично Ребека Тести, ќерката на основачот и главниот дизајнер на компанијата која во својот говор истакна дека „не е сѐ во поставувањето на уште едно знаменце на мапата“ и дека е особено среќна што во Македонија ги има најдобрите партнери. Ние секако не можеме според волумен да се мериме со пазарите на „Rebecca“ во Велика Британија, Скандинавските земји, Дубаи и слични, но строго се држиме до нивните корпоративни принципи на управување и развој на брендот. На македонскиот пазар се среќаваме со големи интернационални брендови за накит, локални производители, разни анонимни интернет продавачи на копии накит од глобални брендови, многу увозници на накит кој припаѓа во ценовно пониска категорија и има послаб квалитет. Накратко: конкуренцијата е огромна, понекогаш и нелојална, но ние сме цврсто решени да продолжиме да инвестираме во брендот и да ја градиме приказната на здрави основи.
Отворање во East Gate*Ребека е приказна за романтиката и убавината. А нејзините колекции истовремено се безвременско елегантни, со посебен стил и луксуз. Дали Македонките се пронајдоа во овој бренд?
- „Rebecca“ накитот е познат по своите впечатливи парчиња и динамиката на стилови наменети за урбаните дами кои се храбри во експериментирањето со новини и секогаш подготвени за уникатни модни погодоци. Парчињата накит генерално се наменети за секојдневни и трендовски модни комбинации, но има и гламурозни примероци соодветни за високата мода. Со задоволство можам да кажам дека „Rebecca“ накитот ги задоволува и најпробирливите вкусови. Особено ми е драго што македонските дами навистина знаат да препознаат и сакаат да носат убави модни парчиња накит.
Каролина Гочева и ИваСо семејството се гледавме два до три пати годишно
*Почнувајќи бизнис на 23 години покажавте храброст, а со успехот кој го постигнавте за кратко време, истакнавте знаење и умешност. Секој напредок го следи и немир, кој понекогаш надвиснува како сенка на патот кој сме решиле да го изодиме. Се соочивте ли со таква ситуација?
- По завршувњето на студиите, опциите за ‘што понатаму’ беа бројни: постдипломски студии, работа во позната маркетинг агенција, стажирање во еден од најпрестижните странски магазини, работа во домашна компанија... но сакав искуствата собрани за време на студиите во странство да ги аплицирам на локално ниво. Македонија е сепак мојата татковина и сакав токму тука да донесам некаква додадена вредност. А точно после година и пол работење, кога мислев дека моите заложби и целиот ентузијазам вложен во проектот „Rebecca“ накит ќе се категоризираат како оправдани; се случи пандемијата. Светот буквално се затвори, а за дејност која не е припаѓа на сегментот „основни потреби“ беше навистина тешко! Но, откажувањето не смееше да биде опција. Токму таа пролет 2020, ја искористивме за брза адаптација, редефинирање на процесите, на нашата поставеност на пазарот и севкупното работење. Не користевме никаква помош, го задржавме на работа целиот тим и влеговме во нов потфат. Изминатата година направивме истражување на пазарот чии резултати покажаа дека накитот „Rebecca“ е трет рангиран бренд на накит за македонскиот пазар. Со сите непредвидливости со кои како општество се соочуваме, од политички, економски и пандемиски аспекти – „немирот“ чинам дека ни стана сојузник...
Ива Милошевска*Од сите добри работи, знаењето е најдобра, никој не може да го украде, ниту да го купи од вас или за вас. Вие се стекнавте со дипломата комуниколог и пиар експерт на универзитетот во Рим, Италија. Каков е тамошниот принцип на школување, бара ли многу труд и одрекување?
- Моето школување во Америка, Словенија, Италија и Дубаи, драстично се разликуваше од пакетот кој го добив во Македонија. Не само што стануваше збор за различни култури и различни менталитети, поставеноста на едукативниот систем беше насочена кон многу практична работа и креирање на корисни вештини. Од друга страна, тие пет години поминати во странство беа полни со одрекувања! Со семејството се гледавме два до трипати годишно, едвај се наоѓаше пристојна опција за изнајмување на простор за живеење кој најчесто беше на повисоките катови во згради стари околу педесетина години, без неопходна логистика и со цимери на кои морав да се прилагодувам.
*Беше ли тешко да се влезе во ритамот на градот на вечноста, во овој случај како странкиња и студентка?
- Третманот на странец во Италија беше полесен од оној во Словенија, а најтежок чинам беше во Дубаи. Италијанската култура и стил на живеење се многу лесни за прифаќање па релативно брзо се адаптирав. Градот на вечноста годишно има околу 8 милиони туристи, па веројатно затоа приемот беше поинаков. Во Рим останав четири години. Иако студиите беа исклучително интересни, истовремено бараа многу работа и огромна посветеност, па многумина и не ми веруваат дека за четири години имав само двапати излезено надвор од градот.
*Италија е асоцијација на мода и убаво облечени жени. Со што би ја надополниле оваа констатација?
- Многу еспресо, врвна паста, уметност на секој чекор... Рим, како еден од најпопулистичките градови на Италија ги цени и почитува сите аспекти на живеењето. Не треба да имате нешто испланирано: едноставното талкање по тесните поплочени улички и малите плоштади полни со улични уметници даваат поинаква димензија на денот. Буквално како во изреката на Леонардо Да Винчи: “La semplpecità ѐ la suprema sofisticazione” (Едноставноста е највисоката форма на софистицираност).
Ме радуваат малите нешта
*Таму се запознавте и со брендот Ребека. Што беше пресудно да бидете дел од нивната приказна?
- Првиот „клик“ со брендот „Rebecca“ се случи во Словенија каде се наоѓа еден од најстарите flagship салони на брендот. Како 17-годишна тинејџерка во Љубљана често ми се случуваше да го заборавам (читај: изгубам) клучот од изнајмениот стан во кој сама живеев. Кога се селев во Рим, мајка ми од „Rebecca“ ми купи ланче со приврзок во форма на клуч како симбол за отклучување на ново поглавје во мојот живот и со надеж дека нема повеќе да ги губам клучевите од станот. Оттогаш за секој значаен момент во мојот живот купував и сѐ уште купувам парче накит од „Rebecca“, а клучот и ден денес го носам .
* Да ги оствариш соништата на една младост, тоа е најдоброто нешто што може да му се случи на човекот. Кои се вашите нови соништа?
- „Rebecca“ е една убава приказна која ми се случи пред повеќе од три години и која искрено посакувам уште долго да се раскажува во Македонија...да се проширува и надградува со нови содржини.
Отворање Рамстор*Радоста се наоѓа во се, треба само да ја извлечеш. Што најмногу ве радува?
- Генерално, ме радуваат малите нешта: времето поминато со семејство, долгите разговори за згодите и незгодите на брат ми и сестрите, патувањата со партнерот. Имам среќа да работам со категорија на производи кои секогаш се купуваат само во убави пригоди, па особено ме радува што токму брендот „Rebecca“ бил дел од убавите моменти на многу луѓе кај нас: сме посведочиле запросување со „Rebecca“ прстен, прв подарок за новороденче, објавување пол на бебе со парче накит на „Rebecca“, честитање на јубилеен роденден со персонализирана порака Брендот бил дел од многу, навистина многу мали но значајни моменти на неизмерна среќа, а тоа особено ме радува!
СОЊА АЛЕКСОСКА НЕДЕЛКОВСКА