Супер едноставен рецепт за Кох: Домашен колач на кој никој нема да му одолее
Милица Радовиќ е блогерка за храна, која води успешни профили на Инстаграм и ТикТок под името zolgaj_mr, а нејзините рецепти имаат над милион прегледи. Таа секогаш има супер едноставни идеи, а ако ви треба идеја за вкусен и брз оброк и одлично уживање, тогаш пробајте го нејзиниот рецепт за Кох!
Неопходни состојки:
- 6 јајца
- 5 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер- 1 прашок за пециво- 2 лажици брашно
- 4 лажици гризЗа прелив:
- 1 литар млеко
- 5 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
Подготовка:
Одвојте ги жолчките од белките, па изматете ги белките со шеќерот. Кога добро ќе ги изматите белките, намалете го миксерот на најмала брзина, па додадете ги жолчките и останатите состојки една по една. Плехот намачкајте го со масло и истурете ја смесата. Се пече во загреана рерна на 200 степени 15-20 минути, најдобро е со чепкалка да се провери дали е готово. Додека се пече кората загрејте го млекото со шеќер. Кога колачот е готов, прелијте го со млеко. Оставете добро да се излади и послужете.
Извор: zena.blic.rs
*пр-објава