Свесно се омажив за хомосексуалец и му родив две деца: Еве како изгледа нашиот живот

„Сите среќни семејства личат едни на други, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“, напиша Толстој. Во случајот со семејството Нилсон-Ембри, тоа е очигледно, бидејќи тие се среќни како и секое друго среќно семејство.

Тие велат дека се сретнале во црква и веднаш „се привлекле“. Еве како започнала нивната љубовна приказна:

Брачниот пар кој изгледа како од некоја реклама за „среќно семејство“ има многу необична приказна. На сликите глумат како најзаљубени маж и жена на светот, имаат две прекрасни деца, чиста идила, би се рекло. И ова не е далеку од вистината. Но, нивниот брак е сè само не конвенционален. Всушност, Метју е геј, а на Брин ни најмалку не и пречи тоа. Како што вели, никогаш не би се развела бидејќи во Метју пронашла се што побарала од еден маж.

View this post on Instagram

A post shared by The Embley-Nielsons (@gayprofessordad)



Метју Нилсон и Брин Ембри се запознале во црквата и уште од првиот момент почувствувале некоја необична врска, како што велат „веднаш се привлекле“. Малку по малку низ разговор сфатиле дека делат исти интереси. И двајцата сакаат да читаат, имаат исти животни ставови, споделуваат исти вредности...

По неколку одлични излегувања, дојде моментот на вистината - Метју одлучи дека е време да и каже на Брин дека е геј. И тогаш се случи нешто сосема неверојатно - тоа ни најмалку не и пречело. Всушност, многу поважно и е и двајцата да уживаат во заедничките моменти отколку неговата сексуална ориентација. Откако тој „проблем“ беше решен, ништо не ги спречило да ја подигнат врската на повисоко ниво. Решиле да се венчаат и бидејќи и двајцата сакаат деца, да имаат потомство.

Отпрвин нивната приказна предизвикала сомнеж кај луѓето околу нив, но кога видоа колку искрено се среќни заедно, луѓето не само што ги прифатија, туку и малку им завидуваа.



Овој пар нагласува дека љубовта и почитта совладуваат се, а се додека е присутен тој став, нема проблем што не може да се реши, пречка што не може да се надмине. Кога ја прашуваат Брин што е толку посебно кај Метју што таа се согласила да се омажи за него, па дури и му родила деца и покрај тоа што тој е сексуално привлечен од спротивниот пол, таа вели:

„Најромантичното нешто што Метју некогаш ми го кажа е дека никогаш да не се уморува од мене. Таквата компатибилност не се случува секој ден“, рече Брин.

View this post on Instagram

A post shared by The Embley-Nielsons (@gayprofessordad)



Метју и Брин живеат во Мичиген заедно со своите ќерки, а нивната желба е со својот пример да покажат дека љубовта ги надминува сите препреки, дури и оние кои изгледаат непремостливи.