Светот полуде по овој производ за убавина: Се продава на секои 8 секунди а преку 50 000 жени се на листата на чекање

Добивај вести на Viber

Кога Кајли Џенер ја лансираше својата колекција шминки, таа беше продадена за еден ден, а сега се појави нов производ кој полека но сигурно се искачува на тронот на најбараните производи за убавина.

Хајлајтерот наречен „Beauty Light Wand“, создаден од една од најпознатите шминкери, Шарлот Тилбери, се продава на секои осум секунди, а еве зошто.

Можеби не сте љубител на хајлајтерите и ја имате таа доза на страв случајно да претерате и да не блеснете премногу, но хајлајтерот дефинитивно е производ кој му дава на вашето лице поприроден изглед.

@quin.cameron

Makeup first impressions GRWM #charlottetilbury #meccamaxima

original sound - Quinn


Поради тоа, стана еден од главните омилени на многу жени и експерти за убавина, но „Beauty Light Wand“ стана најбараниот производ кога е шминката во прашање.

Сјајот што го дава овој производ е причината поради која „Beauty Light Wand Charlotte Tilbury“ неодамна стана вирална на TikTok, а потоа брзо се распродаде, за жал на речиси 50.000 луѓе кои се најдоа на листата на чекање.

Всушност, овој хајлајтер е толку добар што во Обединетото Кралство на секои осум секунди се продава по еден производ во популарната нијанса „Pinkgasm“.



Сјајот на „Beauty Light Wand“ изгледа добро не само на камера или при добро осветлување, туку и во живо. Се дозира преку мек апликатор и содржи кремаста гел структура која брзо се суши.

Доволна причина светот да полуди по овој производ се бројните снимки на TikToker со користење на производот, како и фотографиите на актерката Фиби Диневор, позната по улогата во серијата „Бриџертон“, каде што изгледа одлично додека го носи.