Таа е најтајната жена на Интернет, а луѓето и нудат богатство да ѝ го видат лицето: „Станав милионерка, но тоа никој не го знае, а родителите би се откажале од мене“

Таа направи вистинско богатство на интернет, а никој не смее да знае која е навистина!

Девојката која на социјалните мрежи се претставува како „Bambi Blue Hair“, односно русокоса Бамби, вели дека заработува милиони на мрежата OnlyFans - на интернет досега заработила вкупно 2,2 милиони фунти, но никогаш не го покажала нејзиното лице.

Таа вели дека е во раните дваесетти години и дека строго се грижи никој никогаш да не го дознае нејзиниот вистински идентитет, бидејќи во спротивно родителите ќе се откажат од неа.



- Ниту моите пријатели или мажите со кои излегувам немаат информации за мене. Порано работев здодевна канцелариска работа и заработував 100 долари месечно. Сега заработувам околу 250.000 долари месечно – вели оваа девојка од Калифорнија.

- Моите родители се многу конзервативни, но сепак добро се согласуваме. Меѓутоа, кога би дознале што навистина правам, би се откажале од мене. Сè уште мислат дека работам во канцеларија, а згодно е што сега речиси сите работат од дома, па не им е чудно што не одам на работа - вели таа.

Таа им раскажала на медиумите и за неколку ситуации кога речиси и за малку ќе било откриено што навистина прави.



- Минатата недела имавме семејна вечера и јас станав на сред оброк да одам во тоалет, а всушност отидов да се допишувам со една обожавателка. Тоа е таква работа, мора да бидеш секогаш достапен. Еднаш отидов на свадбата на мојот пријател и сфатив дека еден од гостите на свадбата ми плаќа за сликите, но тој не ме препозна бидејќи го криев моето лице. Секој ден се плашам дека некој ќе ме открие, а фановите ми нудат огромни суми за да го откријам лицето. Сепак, засега се спротивставувам - вели таа и додава дека еден обожавател и понудил 5.000 долари за да го открие лицето, а друг ѝ понудил лет за Италија во прва класа.

- Засега давам отпор, а ќе видиме што ќе биде во иднина - вели таа.