Таа го скроти холивудскиот актер кој има бизарно правило во однос на годините, а поради неа ќе го прекрши: Ја запознал кога имала 10 години, а е постар 2 децении од неа
Манекенката Камила Мороне неодамна беше „уловена“ на плажа во Малибу, а оваа убавица продефилира во минијатурно бело бикини и со нова боја на коса - портокалова, што е навистина голема промена, со оглед на тоа што со години ја знаеме како бринета.
Камила, една од ретките природни жени во светот на шоу-бизнисот, се пофали со рамен стомак и убаво, заводливо деколте, но и без проблем покажа дека се бори и со малку целулит. Но, тоа не и го расипува сексапилот!
Инаку, ова е една од ретките ситуации кога папараците успеале да ја уловат убавата 25-годишна девојка во бикини.
Да потсетиме, Камила на јавноста и е најпозната како девојката која успеа да го „скроти“ Леонардо ди Каприо, човекот кој важи за најголемиот заводник во Холивуд. Интересно е што овој актер всушност никогаш не се забавувал со девојка постара од 25 години, а таа информација стана дури и внатрешна шега во Холивуд - ја спомна и Ејми Шумер при доделувањето на овогодинешните Оскари.
Двојката почна да се забавува во 2017 година, кога манекенката имаше само 19 години, а Лео, 22 години постар, веќе го прослави својот 41 роденден! Но, нивното запознавање се враќа уште подалеку во минатото - имено, Камила и Лео се познавале кога таа била само девојче, бидејќи актерот бил семеен пријател на нејзиниот очув, Ал Пачино.
И додека во раните фази на запознавање можеа да се видат заедно на егзотични одмори, луди забави и скапи шопинг моменти, колку нивната врска стануваше посериозна, толку помалку се појавуваа заедно во јавноста. Но, и покрај тоа, љубовта на Камила и Лео стануваше се поинтензивна и во декември 2020 година парот почна да живее заедно.
Ниту еден од нив не ја коментирал својата љубов во јавноста, а се шпекулира дека тоа е поради тоа што девојките на Лео потпишувале договор за доверливост. Меѓутоа, во 2019 година, Камила накратко ја коментираше нивната разлика во години во едно интервју, велејќи дека „секој треба да излегува со кого сака“.
фото: Инстаграм Screenshot/ Profimedia