Тага во домот на Марија Шерифовиќ: Пејачката вешто крие дека страда

Иако на изминатите концерти, не сакајќи да ја изневери публиката, Марија блескаше во полн сјај, вешто ја сокриваше тагата. Имено, таткото на Марија Шерифовиќ е во лоша состојба. Поради нарушено здравје, лекарите му го ампутирале дури и палецот на ногата, а пејачката одлучила дека е најдобро да го смести во дом во Крагуевац, за секој ден да има соодветна здравствена заштита.

Таткото на Марија Шерифовиќ, Рајко, долго време живеел под кирија во Крагуевац, а неговиот сопственик открил и кога и зошто се иселил:

- Го знам Рајко, како да не го знам. Тој живееше овде кај мене. Сега веќе не живее таму. Сега е во дом за стари лица. Ќерка му го однесе. Еден ден таа само дојде по работите, стави сè во автомобилот и го одведе. Ништо не прашав, не се мешам во туѓи работи. Подоцна дознав дека е во дом. Имаше здравствен проблем и лекарите му го отсекоа палецот на едната нога - изјави за „Курир“ станоиздавачот на Рајко.

Посветената ќерка го сместила својот татко во дом, му пружила соодветна грижа и го посетува секогаш кога ќе ѝ се укаже прилика, но како вистински професионалец не дозволува никој да ѝ ги забележи приватните болки и затоа нејзините деловни обврски никогаш не трпат.

Извор: www.espreso.co.rs