Тајна операција поради која жали: Жизел Бундшен беше најбараната манекенка во светот, но не можеше да го поднесе овој дел од своето тело

Еден од најплатените топ модели на денешницата, Жизел Бундшен, се соочи со искривена слика за себе по раѓањето на децата.

Откако супермоделот Жизел Бундшен и нејзиниот сопруг Том Брејди добија две преслатки деца, Бенџамин и Вивиен, нејзиното тело природно се промени.


Борба против самодовербата

„Отсекогаш добивав пофалби за моето тело и чувствував дека луѓето имаат очекувања од мене што не можам да ги исполнам“, призна Бундшен во интервју за „Пипл“.

Мајката на две деца рече дека се чувствува „многу ранлива“ затоа што, иако може да вежба и да се храни здраво, „не можам да го сменам фактот дека и двете мои деца уживаа во левата дојка повеќе отколку во десната“.


Откако ги доеше двете деца повеќе од 18 месеци, таа рече дека нејзините гради станале помали и нерамни.

„Се‘ што сакав беше тие да бидат исти и луѓето да престанат да го коментираат тоа“, признала таа.

Во 2015 година, Бундшен одлучи тајно да се подложи на операција за зголемување на градите, како што откри во своите мемоари. Кога се разбудила по операцијата, веднаш зажалила. „Се чувствував како да живеам во тело што не го препознав“, призна таа.


Фото: Инстаграм/ Жизел Бундшен

Кога се вљубиле, тој чекал дете со друга: Љубовната приказна на Жизел и Том Брејди